ЗАМЕНА И ПОВРАТНИЦА

Како можам да го вратам производот?
За секакви рекламации Ве молиме слободно контактирајте не на нашата е-пошта contact@oralmed.mk и дајте краток опис на вашето барање за замена или повратница на производот.

Кој е рокот за повратница на производот?
Производот може да се врати во рок од 30 дена од денот на фактурирање. Производот што се враќа мора да биде во оригинална амбалажа, а пакувањето не смее да биде оштетено.

Дали повратницата има трошок?
Доколку повратницата е во рокот на 30 дена, EDG – OralMED го покрива трошок за испорака.

Дали се врши рефундирање на платените средства?
Рефундирањето се врши исто како и плаќањето – жирално банкарски и се прави веднаш по пристигнувањето на повратницата.

ЗАБЕЛЕШКА: Не вршиме повратница на материјал/и кои не се вратени во оригинална амбалажа или пакувањето е оштетено или материјалот е употребуван.