ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Кои сме ние?

Нашата адреса е https://oralmed.mk.

1. Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет страницата, Вашата приватност целосно се почитува. При посета на интернет страницата, EDG – ORALMED ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контактни информации), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страница заради купување на производи кои ги продаваме. Нагласуваме дека при електронската наплата на нарачките, EDG – ORALMED нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат директно до CASIS и банката преку сигурносна врска.

2. За кои цели се користат собраните податоци и информации?

Вашите лични податоци ги обработуваме: – За овозможување на online купување на нашите производи и – За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страницата, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и производите што ги нуди. Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

3. На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци EDG – ORALMED ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Вработените во EDG – ORALMED се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. EDG – ORALMED применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница. Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во со закон предвидена постапка.

4. Други информации

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници. При посетата на интернет страницата од корисниците, EDG – ORALMED може да евидентира и информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.

5. Колачиња на пребарувачот на интернет

“Cookies” се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страницата, но не се поврзуваат со ваши лични податоци кои сте ни ги доставиле. Со помош на ваквите фајлови EDG – ORALMED го следи движењето на посетителите на страната по неа и на тој начин собира податоци за да се подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страницата. На интернет страницата има само таков тип на “Cookies” што се чуваат на компјутерот на корисникот онолку време колку што има поставено во интернет пребарувачот. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.

6. Промени во политиката за приватност на личните податоци

EDG – ORALMED има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

7. Прифаќање на условите

Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.