ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Регистрација и најава на клиент
Трансакциите на е-продавницата www.oralmed.mk се вршат преку регистрација и најава (логирање) на корисничка сметка (корисничко име и лозинка) на клиентите.
Обработката на дадените податоци се врши согласно Политиката за приватност и Политиката за заштита на лични податоци.
Клиентите – правни лица кои вршат медицинско стоматолошка дејност имаат опција да одберат соработка со е-продавницата по принцип на препорака и/или продавница како дополнителен начин на заработка при вршење на својата дејност. Условите и правилата се образложени при активација на корисничката сметка.

Начин на купување
Клиентот може да направи нарачка на производи директно на веб-страницата со додавање на посакуваните производи и количини во потрошувачката кошница и плаќање на вкупниот износ преку трансакција со валидна платежна картичка.
Доколку клиентот е правно лице или сака да изврши плаќање на производите преку правно лице, нарачката на производи се врши преку корисничката сметка, а продавачот веднаш по прием на куповниот налог креира про-фактура за нарачаните производи и му ја доставува на купувачот за плаќање.
Во случај кога плаќањето се врши со про-фактура, при достава на производите се доставува испратница и оригинален примерок од фактура заради сметководствена евиденција.
Доколку клиент има специфични барања при креирање на нарачка, должен е да го контактира продавачот преку е-меил или телефон.

Достава на купени производи
Доставата се врши преку овластена лиценцирана курирска служба во рок од 3 (три) работни дена од денот на плаќање на производите.
За нарачка на производи во износ до 3.000,00 денари трошоците за достава се на товар на купувачот и истите се определуваат согласно ценовникот на курирската служба.
За нарачка на производи во износ над 3.000,00 денари, трошоците за достава се на товар на продавачот.

Цена и начин на плаќање на производи
Цената на производите на е-продавницата е изразена во денарска вредност со пресметан ДДВ.
Продавачот го задржува правото да врши промена на цените на производите и да креира ценовна политика согласно пазарните околности.

Рекламација на производи
Доколку клиентот при или по прием на купените производи има приговор во однос на квалитетот т.е. квантитетот на производите, должен е веднаш, а најкасно во рок од 3 дена од прием на производите, да го извести продавачот преку е-меил за забелешките и рекламациите на производите.

Правна напомена:
Сите прашања кои не се регулирани со овие правила и услови, се уредуваат согласно Законот за облигациони односи.